Најмалку 34 загинати во автобуска несреќа во Боливија – Makedonija News

Најмалку 34 загинати во автобуска несреќа во Боливија

Најмалку 34 лица загинале во тешка автобуска несреќа во Боливиските Анди, пренесуваат локалните медиуми.

Уште десет патници се повредени, а двајца се во критична состојба, пишуваат боливиските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Автобусот патувал од селото Потоло кон Сукре кога се урнал во провалијата длабока 150 метри и целосно се распаднал. Трагедијата се случила близу селото Ќатиквила, околу 30 километри од главниот провинциски град Сукре.

Полицијата засега нема сигурни податоци за причината за несреќтата, пишува весникот El Deber.

Весникот Pagina Siete објави дека ова е најлошата сообраќајна несреќа во Боливија оваа година.

Тешките автобуски несреќи се чести на тесните и лошо одржувани планински патишта во андските земји, како Боливија и Перу. Во март годинава автобус се преврте на рутата меѓу Санта Круз де ла Сиера и Кочабамба, при што загинаа 20 луѓе.

Social profiles