Братот на Верче: Дали 15 месеци казна затвор е соодветно за некој кој од раце ни ја откина сестра ми? – Makedonija News

Братот на Верче: Дали 15 месеци казна затвор е соодветно за некој кој од раце ни ја откина сестра ми?

Уште една пресуда за фатална сообраќајна несреќа предизвика неверување, револт, но и загриженост во јавноста. Имено, на казна затвор од 15 месеци, го осуди Основниот суд во Струмица, 18-годишниот возач кој пред три месеци ја прегази 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново.

Семејството на загинатата Верица Белчовска, пак вели дека останало во шок кога ја слушнале пресудата за лицето кое ја прегази Верче.

– Дали 15 месеци казна затвор е соодветно за некој кој од раце ни ја откина сестра ми, го прекина нејзиниот млад живот? Ќе се жалиме, во неверување сме од изречената казна за едно вакво, тешко дело – изјави за „Фокус“ Мартин Белчовски, брат на Верица (20) од Русиново, која на седми април годинава беше прегазена на пешачки премин во Струмица.

Social profiles