Собранието го изгласа намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 проценти – Makedonija News

Собранието го изгласа намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 проценти

Собранието го изгласа намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 проценти. Сите 83 пратеници гласаа „ЗА“ за законските измени.

Од РКЕ ја поздравија искажаната политичка волја со која се прифати намалувањето на ДДВ то. Апелираат сега фокусот да биде проширување на листата на ранливите категории кои ќе бидат помогнати да ги подмируваат фактурите за струја.

Намалувањето на ДДВ од 18 на 5 проценти за електричната енергија за опозицијата е обид на власта за манипулација на граѓаните пред избори бидејќи од следната година граѓаните ќе плаќаат драстично повисоки сметки за струја.

И покрај тоа што поминаа законските измени, ДДВ ќе биде 5 отсто откако ќе влезе во службен весник. ДДВ то ќе биде 5 отсто до први јули догодина, кога и се очекува да се зголеми на 10 проценти, а веќе од 2023 ќе се врати на 18 отсто.

Social profiles