„Netflix“ со одлична вест за сите гејмери: Стриминг платформата влегува во светот на видеоигрите – Makedonija News

„Netflix“ со одлична вест за сите гејмери: Стриминг платформата влегува во светот на видеоигрите

„Netflix“ го прави својот прв голем чекор надвор од телевизиските емисии и филмовите – планира проширување преку видеоигри, а на проектот му се придружува и Мајк Верди, поранешен извршен директор на „Electronic Arts Inc.“ и „Facebook Inc“.

Верди ќе биде потпретседател за развој на игри, пишува „Bloomberg“, а идејата е да се понудат видеоигри на стриминг платформата во текот на следната година.

„Netflix“ во последните 5 години популаризираше содржини кои настанале по угледот на разни игри како сериите „Castlevania“, „Dota 2“ и „The Witcher“.

Игрите ќе се појават како нов програмски жанр, слично на она што „Netflix“ го правеше со документарните филмови и стенд-ап специјалите. Компанијата моментално нема во план дополнително да ја наплаќа новата содржина.

Ваквиот потег ја покажува амбицијата на „Netflix“ да им понуди нешто повеќе од ТВ емисии и филмови на своите повеќе од 200 милиони претплатници, особено бидејќи игрите стануваат сè поконкурентни поради вложувањата на „Amazon“, „Google“ и „Microsoft“ во оваа категорија.

Social profiles