МВР: Приведен „копач“ на биткоини, одземени седум компјутери – Makedonija News

МВР: Приведен „копач“ на биткоини, одземени седум компјутери

На 16.07.2021 во 14.30 часот од полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров на подрачјето на Ѓорче Петров е лишен од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.
При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери ‘мајнери’ за копање на криптовалути. Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles