Франција воведе нови мерки за туристите, глоба до 1.500 евра за оној што ќе ги прекрши – Makedonija News

Франција воведе нови мерки за туристите, глоба до 1.500 евра за оној што ќе ги прекрши

Поради зголемениот број новозаразени од коронавирус, Франција од денес ги заострува мерките како за локалното население така и за туристите, пренесуваат тамошните гласила.

Само неколку дена откако Ајфеловата кула беше отворена за посетителите, од Франција пристигнуваат нови вести.

За влез во сите туристички знаменитости и атракции во главниот град на Франција – забавни паркови, концертни сали, музеи, кина, Ајфеловата кула – неопходен е т.н. здравствен пасош.

Во тој документ се содржани информации за вакцинација, за прележана болест или негативен ПЦР-тест.

За влегување во дискотеки и на фестивали оваа мерка е веќе во сила.

Туристите мора да приложат сертификат за целосна имунизација за влез во овие места, а негативниот ПЦР-тест не смее да биде постар од 48 часа.

Оној што ќе ги прекрши овие мерки може да биде казнет со глоба до 1.500 евра, соопштија француските власти.

Social profiles