Притвор за ресенчанец за лажна дојава за експлозивни средства во Охрид – Makedonija News

Притвор за ресенчанец за лажна дојава за експлозивни средства во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „загрозување на сигурноста“ и  „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од  селото Горно Крушје, ресенско.

Пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор.

Social profiles