Претседателот на Тунис го распушти парламентот, сменет и премиерот – Makedonija News

Претседателот на Тунис го распушти парламентот, сменет и премиерот

Каис Саид, претседателот на Тунис, изјави дека ја замрзнал работата на парламентот и го отпуштил премиерот Хикем Мечичи од функцијата, во услови на продлабочена политичка и економска криза во земјата.

Мерките доаѓаат неколку часа откако демонстрантите излегоа на улиците во неколку делови на земјата, барајќи од владата да си даде оставка и да го распушти парламентот, јави ДПА.

Тунис доживеа економско забавување поради јавните немири и нападите на милитантните бунтовници уште од востанието што ги инспирираше востанијата на Арапската пролет 2010-11 година.

По состанокот со високите команданти во неделата, Саид најави дека ќе ја преземе извршната власт заедно со новиот премиер што ќе го назначи.

Social profiles