Оваа русокоса убавица го игнорирала еден од најзгодните фудбалери на ЕП, а тој веднаш знаел дека ќе се ожени со неа – Makedonija News

Оваа русокоса убавица го игнорирала еден од најзгодните фудбалери на ЕП, а тој веднаш знаел дека ќе се ожени со неа

28-годишниот Шпанец Алваро Мората кој се наоѓа на листата на најзгодни фудбалери на Евро 2020, ја забележал својата сопруга Алис Кампело на Инстаграм, а таа на почетокот го игнорирала.

Играчот на Јувентус во 2016 година видел фотографија која ја објавила модната италијанска дизајнерка и манекенка и ги прашал своите пријатели дали ја познаваат и дали може некој да го запознае со неа. Но, тие немале заеднички познаници, па Алваро ѝ испратил порака на Алис.

„Ме контактираше преку Инстаграм и му одговорив по подолго време, но на крајот се согласив да се сретнам со него. Кога го запознав во живо, сфатив дека има сериозни намери. На пример, две недели по нашиот прв состанок, возеше 8 часа за да се запознае со моето семејство и се врати доцна во Торино, иако рано утрото имаше тренинг со Јувентус. Со тој гест покажа навистина каков е и со уште илјада други“, раскажала русокосата убавица.

Открила и дека неговите пријатели и семејство истакнале дека никогаш не го виделе Алваро да се однесува на таков начин, а тој постојано говорел дека сака да се ожени со неа.

„Ме запроси 8 месеци по нашиот прв состанок“, вели Алис.

Social profiles