Целосно полна батерија за само 15 минути: Најбрзиот полнач на сите времиња пристигнува следната година – Makedonija News

Целосно полна батерија за само 15 минути: Најбрзиот полнач на сите времиња пристигнува следната година

Технологијата за полнење од 200W на „Xiaomi“ би можела да дебитира во уредите на потрошувачите, а масовното производство треба да започне веќе во јуни 2022 година, се наведува во извештајот на кинескиот сајт „MyDrivers“.

Извештајот прецизира дека технологијата од 200W може да дебитира на моделот на наследникот на „Xiaomi Mi 11“ наречен „Xiaomi Mi 12 Ultra“, а цитира „блогери кои ја објавиле веста за плановите на компанијата за таа технологија“.

Официјално наречен „HyperCharge“, полначот од 200W беше претставен на почетокот на оваа година во мај, на приспособената верзија на „Xiaomi Mi 11 Pro“. Тој успеал да ја наполни батеријата во уредот од 4000 mAh, од 0 до 100 отсто од капацитетот за само 15 минути. Подоцна беше откриено дека 800 циклуси од таквото полнење ја влошило состојбата на батеријата за 20 отсто.

Кога „Xiaomi“ за првпат ја претстави оваа технологија, никогаш не прецизираше дали истата некогаш ќе дојде до потрошувачките уреди, туку тоа повеќе беше демонстрација за доказ на концептот кој привлече голем публицитет.

Уредите кои се моментално достапни на пазарот во целост ги полнат батериите од 30 минути до повеќе од 2 часа, пишува „GSМArena“.

Social profiles