Романија испраќа авион за гаснење пожари со голем капацитет – Makedonija News

Романија испраќа авион за гаснење пожари со голем капацитет

По писменото барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите – брза реакција и одлука од страна на нашиот НАТО сојузник, Романија, која донесе одлука да нè поддржи со авион за гаснење на пожари со поголем капацитет.

„Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка“, се вели во писмото кое го испрати министерката Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.

Ова е уште еден позитивен одговор од НАТО сојузничка земја, по реакцијата на министерот за одбрана на Словенија која испрати пожарникари и противпожарни возила во опожарените подрачја низ Северна Македонија и по помошта што ја испрати соседна Бугарија.

Social profiles