Напад во метро во Токио: Маж избодел со нож десет патници – Makedonija News

Напад во метро во Токио: Маж избодел со нож десет патници

Засега неидентификуван маж вчера нападнал патници со нож во воз во метро во Токио, а потоа избегал. Најмалку десет луѓе се повредени во нападпт.

Еден од патниците е тешко повреден, а напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор. Некои од повредените се прободени со нож, а некои се повредиле при обидот да избегаат од напаѓачот.

Осомничениот за нападот при бегството го оставил ножот во возот и мобилниот телефон, тврдат извори од истрагата, јавија јапонските медиуми.

Тој доброволно се предал, откривајќи му на вработениот во една продавница што направил, кој веднаш повикал полиција.

Напаѓачот, исто така, се обидел и да подметне пожар во вагонот, објави новинската агенција Кјодо.

Триесет и шест годишниот маж истурил сончогледово масло во возот и се обидел да го запали. Подоцна, при неговото апсење, кај него биле пронајдени шише со масло и запалка. За време на сослушувањето во полиција, човекот го објаснил својот план со желба да убие. Според напаѓачот, тој го избрал возот бидејќи во затворен простор би имало повеќе жртви

Social profiles