Цуцуловски: Зошто морам да се вакцинирам јас, за да ги заштитам другите, зошто другите не се вакцинираат за да се заштитат себе си? – Makedonija News

Цуцуловски: Зошто морам да се вакцинирам јас, за да ги заштитам другите, зошто другите не се вакцинираат за да се заштитат себе си?

Љубомир Цуцуловски на својот фејсбук профил ја коментираше кампањата за вакцинирање против ковид-19, која се сведува на „Биди одговорен! Вакцинирај се! Заштити ги другите!“, прашувајќи зошто другите не се вакцинираат за да се заштитат себе си?

„ДЕМАГОГИЈА. Сите слогани во борбата против Ковидот-19 можат да се сведат на следните три директиви: „Биди одговорен! Вакцинирај се! Заштити ги другите!“ И покрај сите напори, не можам да разберам зошто морам да се вакцинирам јас, наместо другите. И зошто другите не се вакцинираат за да се заштитат себе си? Според тоа, многу е едноставно. Меѓутоа, зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано и во конфронтација со другите? Тогаш, кога човек е во конфронтација со другите, помалку размислува и во секого гледа загрозување за својот опстанок“, пишува тој.

Social profiles