Семејството е заедно, одморот може да почне: Новак и Јелена се гушкаа во морето! (ФОТО) – Makedonija News

Семејството е заедно, одморот може да почне: Новак и Јелена се гушкаа во морето! (ФОТО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не освои медал на Олимписките игри во Токио, но по повеќе од успешна тениска сезона, замина на заслужен одмор со семејството.

Новак, Јелена, Стефан и Тара конечно се неразделни, а среќното семејство Ѓоковиќ летува на море.

Иако не сакаа да ја откријат локацијата на која уживаат, сопругата на најдобриот тенисер во светот се пофали со романтична фотографија направена во најдоброто време од денот. Прекрасно зајдисонце, љубов и романтичен танц – што повеќе би можеле да посакаме?

Првиот рекет во светот во прегратките на сопругата ги полни батериите за продолжување на тениските обврски што следуваат на крајот на месецот, односно за последниот гренд слем во сезоната – УС Опен.

Social profiles