Полудел по неа штом ја здогледал и ја раскинал свршувачката: Вака почнала најубавата холивудска романса! – Makedonija News

Полудел по неа штом ја здогледал и ја раскинал свршувачката: Вака почнала најубавата холивудска романса!

Даниел Крег (53) периодов престојува во Белград каде што го снима продолжението на филмот „Нож во грб“.

Актерот, кој е познат по улогата на Џејмс Бонд, ја изненади јавноста кога во тајност се ожени со неговата колешка. Двојката строго ја чуваше врската од очите на јавноста, а еве како започнало сè.

Нивното познанство датира уште од времето кога не биле славни. Даниел и Рејчел Вајс се запознале во 1994 година кога заедно глумеле во претставата Les Grande Horizontales во театарската група National Theatre Rehearsal Studio во Лондон. На нивната соработка своевремено се осврнал критичарот Руперт Кристиансен:

„Секако, ниту еден од нив тогаш не беше познат, па нивната прва средба остана незабележана. Дејството на претставата ги стави во многу љубовни сцени и имаше многу изглумена сексуалност и пристојна голотија“, раскажал Кристенсен.

Нивните професионални и приватни патишта се разминале потоа, а Рејчел му го кажала судбоносното да, во меѓувреме, на филмскиот режисер Дарен Аронофски (52) со кого го добила синот Хенри (15). Даниел во 1994 година го прекинал бракот со актерката Фиона Лоудон, со која има ќерка Ела (29) која се занимава со глума исто како и нејзините родители.

Патиштата на Даниел и Рејчел повторно се вкрстиле во 2010 кога добиле улога на брачен пар во психолошкиот трилер „Куќа на соништата“, кој излезе една година подоцна. Токму тогаш Рејчел ставила точка на 9-годишната врска со Дарен, а Даниел ја раскинал свршувачката со филмската продуцентка Сатсуки Мишел (42).

Причината за раскинувањето на нивните претходни врски била таа што помеѓу нив се развило нешто повеќе од професионален однос. Се венчале во 2011 година на тајна церемонија во Њујорк и ја изненадиле јавноста.

На прашањето дали тоа било љубов на прв поглед, Рејчел рекла:

„Навистина не беше така. Бевме пријатели со години.“

Како што пишувале американските медиуми, Рејчел не ни помислувала на брак пред да го запознае Даниел. Меѓутоа, токму поради овој холивудски заводник го променила мислењето.

„Никогаш не помислував дека ќе се омажам. Тоа не ми беше амбиција. Напротив. Никогаш не сум се замислувала себеси како хероина на романтични комедии и потоа едноставно се случи, за среќа во многу позрел момент од мојот живот“, признала таа.

Многумина сметаат дека тајната на хармоничниот однос помеѓу Даниел и Рејчел е токму тоа што нивната врска не е транспарентна и деталите од нивната љубов не ѝ се познати на јавноста.

„Тој едноставно е премногу славен. Би го предала кога би зборувала за него. Мораш да го штитиш својот брак. Едно од најголемите задоволства е кога ќе пораснеш и не мораш апсолутно ништо да споделуваш со другите“, раскажала актерката.

Двојката речиси успеа да го скрие и раѓањето на нивната ќерка во 2018 година, чие име не сакаа да го објават.

Social profiles