(Видео)Xaoc на аеродромот во Кабул, луѓе трчаат на писта и се обидуваат да се качат во авион – Makedonija News

(Видео)Xaoc на аеродромот во Кабул, луѓе трчаат на писта и се обидуваат да се качат во авион

Најмалку три лица го загубија животот на аеродромот во Кабул откако илјадници цивили влетаа на пистата обидувајќи се да се качат на авион бегајќи од Талибанците во Авганистан. Американските сили кои обезбедуваат дел од аеродромот каде се стационирани американски летала отвориле оган со цел да ја разбијат толпата која се наоѓала на пистата.

Од снимките објавени на социјалните мрежи може да се видат хаотичните сцени на интернационалниот аеродром во Кабул, од луѓе кои се обидуваат по секоја цена да фатат авион со кој ќе можат да ја напуштат земјата.

Американски сили се испратени на аеродромот за да помогнат во евакуацијата на дипломатскиот персонал и странски државјани стационирани во Авганистанската претстолнина. Странците сепак, имаат проблеми во обидите да го напуштат Кабул, кој беше завземен од Талибанците во неделата.

Social profiles