Топ 5 најплатени британски директори: Заработиле 86 пати повеќе од просечниот работник – Makedonija News

Топ 5 најплатени британски директори: Заработиле 86 пати повеќе од просечниот работник

Истражувањето открива и дека просечниот обем на бонус од 1,1 милиони фунти од 2019 се намалил на 828.000 фунти минатата година.

Шефовите на најголемите британски компании минатата година заработиле 86 пати повеќе од просечните работници со полно работно време.

Средната плата на извршниот директор на компанијата која припаѓа на „FTSE-100“ изнесувала 2,69 милиони фунти во 2020 година, според податоците „Hihg Pay Centre“, а тоа е исто така за 17 отсто помалку во однос на платите кои ги имале пред кризата, односно во 2019 година која изнесувала 3,25 милиони фунти. Центарот кој ги анализирал високите плати констатира дека „тоа секако и натаму е многу голема награда“, пренесува „BBC“.

Истражувањето открива дека просечниот бонус се намалил од 1,1 милион фунти на 828.000 фунти минатата година.

Во меѓувреме просечната исплата на долгорочен план се намалила од 2,4 милиони фунти на 1,3 милиони фунти.

Истражувачите велат дека високата плата на извршните директори во Велика Британија предизвикува поголем раздор меѓу богатите и сиромашните отколку во поголем дел од останатите европски земји.

Топ 5 најплатени британски директори:

1. Паскал Сориот, АстраЗенека – минатата година бил најплатениот извршен директор со заработени 15, 45 милиони фунти.

2. Брајан Касин од компанијата „Experian“, со заработени 10,3 милиони фунти.

3. На средината од листата се наоѓа Алберт Манифолд, со заработка од 9,92 милиони фунти.

4. Лаксман Нарасимхан од фирмата „Rockit Benckiser“, минатата година заработил 9,24 милиони фунти.

5. На последното место се наоѓа Роб Перинс од фирмата „Berkeley“ кој заработил 8,03 милиони фунти. 

Social profiles