„Delta Airlines“ ќе им одбива по 200 долари од месечната плата на невакцинираните работници – Makedonija News

„Delta Airlines“ ќе им одбива по 200 долари од месечната плата на невакцинираните работници

Американската авиокомпанија „Delta Airlines“, секој месец ќе им одбива по 200 долари на вработените доколку не се вакцинираат против Ковид-19, бидејќи просечната цена на болничкото лекување на авиопревозникот изнесува 50.000 долари, според зборовите на челникот на компанијата.

Извршниот директор на „Delta Airlines“, Ед Бастијан, вели дека сите вработени кои биле хоспитализирани во претходните недели поради Ковид-19, не биле целосно вакцинирани, пренесува „Tanjug“.

Авиокомпанијата во средата соопштила дека ќе престане да плаќа проширено здравствено осигурување за невакцинираните кои ќе се заразат со коронавирус до 30-ти септември, а ќе бараат од нив да се тестираат еднаш неделно, започнувајќи од 12-ти септември со тоа што компанијата ќе ги покрива трошоците за тестирањето.

Вработените ќе мора да носат заштитна маска во сите компаниски објекти на затворено.

Вакцинирани 75 отсто од вработените

„Delta Airlines“ не тргна по стапките на „United Airlines“ кој од своите вработени бара да бидат вакцинирани до 27-ми септември или ќе се соочат со отказ. Меѓутоа, одбивањето од платата во износ од 200 долари кое ќе започне од ноември би можело да има ист ефект.

„Ова одбивање ќе биде неопходно за да се решат финансинските ризици за нашата фирма поради лицата кои одбиваат да се вакцинираат“, додал Бастијан во пораката до вработените.

Тој вели дека 75 отсто од вработените во компанијата се вакцинирани, што е пораст во однос на јули, кога тој број изнесувал 72 отсто.

Social profiles