Над 200 граѓани пратени во карантин само од Ќафасан, немале потврда за вакцинација или сертификат за прележан коронавирус – Makedonija News

Над 200 граѓани пратени во карантин само од Ќафасан, немале потврда за вакцинација или сертификат за прележан коронавирус

Над 200 македонски државјани пратени во карантин само на граничниот премин Ќафасан, затоа што немале потврда за вакцинација или сертификат за прележан коронавирус.

Инаку новите правила за влез во Албанија важат веќе неколку денови. Според нив за влез во Албанија од 6 септември треба да се поседувате потврда за вакцинација, ПЦР тест не постар од 72 часа, брз тест не постар од 48 часа или сертификат за прележан коронавирус не постар од 6 месеци.

Доколку некој ги нема соодветните документи му следува 10-дневен карантин. За деца на возраст до 6 години не се потребни никакви документи. Задолжително е носење маски на затворено. Во Албанија има и полициски час кој почнува од 23 часот навечер и трае до 6 часот наутро.

Social profiles