
Новак Џоковиќ и Данил Медведев се бореа за последниот грен слем трофеј сезонава во еден од најважните натпревари во кариерата на српскиот играч.
По тој повод, се собраа голем број ликови од светскиот џет сет, а сите не престануваат да ги коментираат изразите на лицето на Бред Пит и Бредли Купер.
Леонардо Ди Каприо се обиде да се скрие од фотографот на натпреварот, но не успеа.
Да потсетиме, Новак не успеа да испише историја, бидејќи беше поразен во финалето од Медведев со 3-0. Со освојување на УС Опен, Новак би стигнал до 21. грен слем титула и „календар слем“, и дефинитивно ќе станеше најдобар во историјата на тенисот.