Истражување на „Time Out“: Овој град ја однесе титулата најдобар на светот за 2021 годна – погледнете ја топ 10 листата на градови – Makedonija News

Истражување на „Time Out“: Овој град ја однесе титулата најдобар на светот за 2021 годна – погледнете ја топ 10 листата на градови

„Time Out“ ја објави листата на најдобрите градови на светот за 2021 година која се темели на мислењето на 27.000 анкетирани жители во светските градови.

Овојпат титулата за најдобар град на светот ја однесе Сан Франциско.

Во текот на истражувањето биле земени предвид ноќниот живот, ресторани и културни настани во секој град, како и тоа какво е чувството во заедница во секој град поединечно што се смета за особено важно во текот на пандемијата на коронавирусот.

Во истражувањето биле вклучени екоиницијативите на градовите, предаденост кон активизмот во градот, општата љубезност и гостопримливост на градот.

„Time Out“ вели дека „ненадминливата комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“ го сместила Сан Франциско на врвот од листата.

Сан Франциско го пофалиле и поради одговорот на самиот град на пандемијата поради тоа што градот ја има една од највисоките стапки на вакцинирани луѓе во САД.

И покрај карантините тамошните граѓани пронашле начин да останат поврзани, пренесува „Time Out“. Го пофалиле и поради тоа што во Сан Франциско акцентот на рестораните и кафулињата е ставен на просторот кој се наоѓа на отворено.

„Градските улици моментално се налик на една голема забава на отворено“, опишува „TIme Out“.

1. Сан Франциско, Калифорнија, САД

Social profiles