Следната верзија на Apple Watch ќе има функција за следење на астма – Makedonija News

Следната верзија на Apple Watch ќе има функција за следење на астма

Apple со текот на годините својот паметен часовник го збогати со многу опции за следење на здравствената состојба на корисниците, поради што Apple Watch стана вистински мал кардиограм. Со верзијата 6 пристигна и опцијата за следење на количината кислород во крвта, а сега дојде на ред и функцијата за следење на оние кои се заболени од астма.

Тимот на компанијата во соработка со медицинските експерти спроведе истражувања, чија цел било да се утврди врската помеѓу количината на кислород во крвта и астмата, а се работело и на тоа да се провери способоста на Apple Watch да ги детектира состојбите кои се во врска со ова заболување. Се напоменува дека новите функции не се тука за да ја заменат професионалната медицинска помош, како и опремата за поставување дијагнози.

Претходно се говореше и за опцијата што би го мерело количеството на шеќер во крвта, но оваа функција не се појави до ден денеска. Паметниот часовник на Apple, сепак, станува побогат кога се работи за здравствената состојба, па останува да се види дали корисниците кои водат грижа за своето здравје ќе го изберат овој уред како помагало во следење и контролирање на болестите.

Social profiles