ФЕЈСБУК ОТСТРАНИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИОНИ ТЕКСТОВИ СО ЛАЖНА СОДРЖИНА ЗА КОВИД-19 И ВАКЦИНИТЕ – Makedonija News

ФЕЈСБУК ОТСТРАНИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИОНИ ТЕКСТОВИ СО ЛАЖНА СОДРЖИНА ЗА КОВИД-19 И ВАКЦИНИТЕ

Фејсбук објави дека инвестирале повеќе од 13 милијарди долари во безбедносни мерки од 2016 година, неколку дена откако Волстрит Џурнал објави дека компанијата не успеала да ги поправи „штетните ефекти на платформата“.

Социјалниот медиум соопшти дека сега има 40.000 луѓе кои работат на безбедност, наспроти 10.000 луѓе пред пет години.

Фејсбук ги минимизираше негативните ефекти на апликацијата Инстаграм врз младите корисници и реагираше лошо на предупредувањата на вработените за начинот на кој платформата ја користат трговците со луѓе во земјите во развој, објави Волстрит Џурнал минатата недела, повикувајќи се на стручен преглед на внатрешните документи на компанијата.

„Во минатото, не започнавме да се справуваме со безбедносните предизвици доволно рано во процесот на развој на производи“, напиша компанијата во блог пост „Но, ние фундаментално го сменивме тој пристап“.

Фејсбук објави дека неговата технологија за вештачка интелигенција помогнала да се блокираат три милијарди лажни профили во првата половина од оваа година. Компанијата исто така отстрани повеќе од 20 милиони текстови со лажна содржина за Ковид-19 и вакцини.

Social profiles