HP Envy 34 All-in-One има 5K широкоаголен дисплеј и RTX 3080 GPU – Makedonija News

HP Envy 34 All-in-One има 5K широкоаголен дисплеј и RTX 3080 GPU

HP го претстави најновиот All-in-One (AIO) компјутер, со поголем и поширок екран, помали рамки и најнов хардвер на компаниите Intel и Nokia.

Envy 34 All-in-One десктоп PC има 5K (5120 x 2160p) широк екран, 21:9 рамен IPS панел со 500 нита осветлување и 98% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои. Дисплејот има помали рамки и повеќе нема голем B&O звучник во дното, каков што можеше да се најде кај претходниот модел.

Новиот дисплеј ги користи Snap Layouts предностите на Windows 11, овозможувајќи полесно аранжирање на десктопот за да се прегледаат повеќе прозорци. Тука е и 16MP одвојлива камерa со binning технологија, која може да се поместува по различните делови на компјутерот. Присутни се и Безжични панели за полнење, вградени во сталакот на компјутерот, каде е можно да се постави и наполни телефонот.

Envy 34 All-in-One користи Intel Core-i9 процесор од 11. генерација, Nvidia GeForce RTX 3080 Max Q графичка карта, до 32GB RAM, 512GB NVMe простор за складирање, вградено напојување, два B&O звучника, два Thunderbolt 4 USB4 Type-C (до 40Gbps проток) и HDMI излез.

HP Envy 34 All-in-One PC пристигнува во текот на октомври, по почетна цена од 1999 долари. Тука е и Pavilion AIO модел, со AMD Ryzen 5000 процесор и 27-инчен екран, кој има почетна цена од 799 долари.

Social profiles