Honor објави три нови лаптопи од MagicBook линијата – Makedonija News

Honor објави три нови лаптопи од MagicBook линијата

Honor ги претстави трите најнови лаптопи како дел од својата MagicBook серија. Се работи за MagicBook 16, 16 Pro и V 14. Првите два модели се фокусираат на лесен дизајн, додека V 14 е премиум уред.

MagicBook V 14 е првиот лаптоп на Honor кој работи со Intel Eco 11 платформата. Доаѓа со 11-та генерација Intel процесор и графички процесор Nvidia Geforce MX450. Лаптопот има LTPS LCD екран од 14,2 инчи, со резолуција 2520 x 1680p, стапка на освежување на 90Hz и сооднос од 3:2. Панелот опфаќа 100% од sRGB спектарот на бои и има 400 нита осветлување. Исто така, има и камера од 5MP со сопствен ISP чиp, четири звучника и четири микрофони.

Основната варијанта на лаптопот користи Intel Core i5-1132H процесор , додека посилниот модел има процесор Core i7-11390H. Има до 16 GB LPDDR4x меморија и 512 GB PCIe SSD. Уредот има и два вентилатори, како и две проводни цевки за оптимална дисипација на топлина.

За софтверска поддршка ќе биде задолжен Windows 11, што MagicBook V 14 го прави еден од првите лаптопи на пазарот со најновиот оперативен систем на Microsoft. Батеријата од 60Wh нуди до 15 часа постојана употреба.

MagicBook V 14 пристигнува во Star Grey и Glacial Silver бои. Моделт со процесор Core i5-1132H, 16 GB RAM и 512 GB меморија чини околу 960 долари, додека верзијата Core i7-11390H со иста количина меморија и простор за складирање чини околу 1240 долари.

Honor MagicBook 16 серијата може да се пофали со 16,1-инчни LCD-екран со брзина на освежување од 144Hz и 300 нита позадинско осветлување, AMD Ryzen 7 5800H процесор и може да се конфигурира со графички картички до моделот Nvidia GeForce RTX 3050. Има и 16 GB DDR4 RAM меморија и 512 GB PCIe SSD.

Влезниот / излезниот дел се состои од 2xUSB-C 3.2, 2xUSB-A 3.2 и HDMI 2.0 порта, заедно со слушалки и микрофон. Софтверот е покриен преку оперативниот систем Windows 10 Home Edition. Батеријата има капацитет од 56Wh, а во пакетот доаѓа и USB-C полнач од 65W.

MagicBook 16 има почетна цена од околу 805 долари, додека MagicBook 16 Pro ќе чини околу 960 долари. Се уште нема информации за глобалната достапност на споменатите лаптопи.

Social profiles