ВИДЕО: Лавата на Канарските Острови стигна до морето – Makedonija News

ВИДЕО: Лавата на Канарските Острови стигна до морето

Лавата која избива од вулканот на канарскиот остров Ла Палма доцна синоќа стигна до морето, создавајќи потенцијално штетни гасови, поради кои жителите на околните градови се затвориле во своите домови.

Десет дена по ерупцијата на вулканот, лавата синоќа полека почна да влегува во морето на брегот на Тазакорте.

Камерите на локалната телевизија, поставени на брод на море, прикажаа како камења и оган влегуваат во водата, но поради мракот, не можело да се види пареа формирана со мешање на врела лава и студено море.

Службата за вонредни ситуации на Канарските Острови ги повика жителите да се засолнат на безбедни места доколку се наоѓаат во таа област, во радиус од 3,5 километри.

Вулканолозите велат дека гасовите можат да бидат штетни на два километра од местото каде што лавата влегува во морето.

Вулканот се активира на 19 септември и нема човечки жртви.

Ла Палма е еден од осумте Канарски Острови, шпанска територија покрај северозападна Африка.

Social profiles