Почина жена во Србија откако автобус ја влечел неколку десетици метри, возачот е во притвор – Makedonija News

Почина жена во Србија откако автобус ја влечел неколку десетици метри, возачот е во притвор

Во Србија, во Бор, жена на возраст од околу 70 години починала откако автобус од приградскиот сообраќај ја влечел неколку десетици метри. Жената излегувала од автобусот, но подвижините врати ѝ ја фатиле јакната, па возачот не забележувајќи продолжил да вози.

Српските медиуми објавуваат дека жената со тешки повреди била префрлена во болница, каде починала. Возачот на автобусот е приведен и одреден му е 49 часа притвор.

Social profiles