Фумио Кишида ќе биде идниот премиер на Јапонија – Makedonija News

Фумио Кишида ќе биде идниот премиер на Јапонија

Поранешниот јапонски министер за надворешни работи, Фумио Кишида е избран, за лидер на Либерално-демократската партија (ЛДП) и ќе стане следниот премиер на Јапонија. Претседателството на Либерално-демократската партија беше спорно меѓу Фумио Кишида и актуелниот министер за административна и регулаторна реформа, Таро Коно, кој претходно беше министер за надворешни работи и министер за одбрана.

Кишида освои 257 од 427 гласови во вториот круг, што му овозможи победa. Неговиот противкандидат Таро Коно доби 170 гласови. На тој начин, 64-годишниот Кишида го доби местото на нов претседател на ЛДП и наскоро ќе стане новиот, 100. премиер на Јапонија.

Покрај Коно и Кишида, на изборите учествуваа и Санае Такаичи и Сеико Нода, кои претходно предводеа голем број министерства, но не добија доволно поддршка во првиот круг и се откажаа од трката.

Седницата на Парламентот, на која ќе се одобри кандидатурата за нов шеф на владата, се очекува да се одржи на 4 октомври.

Social profiles