Научниците создадоја мозочни клетки со 3Д-Печатач – Makedonija News

Научниците создадоја мозочни клетки со 3Д-Печатач

Научници создадоа 3Д-печатени живи мозочни клетки на глушец во лабораторија со помош на нова ласерска технологија. Повеќето од невроните преживеале повеќе од два дена откако биле направени, се вели во истражување објавено во списанието „Микромашинс“.

Научниците посочуваат дека истражувањето не се фокусира на создавање вештачки органи бидејќи тоа е долгорочна цел и сè уште се потребни многу испитувања. Наместо тоа, научниците од Универзитетот „Конкордија“ се надеваат дека мозочните клетки ќе помогнат во подобрување на медицинските истражувања.

Целта е тестирањата на новите фармацевтски производи да се вршат на овие неврони наместо на вистински животни. Со тоа би се намалил бројот на животни што се убиваат во име на науката, но и би се правеле попрецизни истражувања во почетните фази на тестирање на лекови.

Social profiles