Western Digital нуди брзи NVMe SSD дискови по достапна цена – Makedonija News

Western Digital нуди брзи NVMe SSD дискови по достапна цена

Western Digital го претстави својот нов WD Blue SN570 NVMe SSD, кој на корисниците им нуди баланс помеѓу цената, перформансите и капацитетот на дисковите. Драјвот е наманет за креаторите на содржини, се испорачува со петгодишна гаранција и пристигнува со брзини кои се 5x поголеми од најдобрите SATA SSD дискови на Western Digital.

Со секвенцијални брзини на читање на податоците, кои одат до 3500 MB/s, Western Digital Blue SN570 е SSD кој нуди премиум PCIe 3.0 перформанси. Меѓутоа, брзините на запис на податоци ќе зависат од капацитетот. Така моделите од 250GB, 500GB и 1TB нудат секвенцијални брзини на запис на податоци до 1200 MB/s, 2300 MB/s и 3000 MB/s.

Корисниците со новите SN570 SSD дискови добиваат и еден месец бесплатни членство за Adobe Creative Cloud, што им дава пристап до Adobe Photoshop, Illustrator, Lightroom, Premiere Pro и InDesign програмите.

Кога се во праашње цените, WD Blue SN570 NVMe SSD во капацитети од 250GB, 500GB и 1TB чини 50, 60 и 110 долари.

Social profiles