Во сообраќајка загина млада американска пејачка – Makedonija News

Во сообраќајка загина млада американска пејачка

Во сообраќајна несреќа загина младата американска пејачка Емани Џонсон. Таа загина на 23 годишна возраст, а тажната вест ја соопшти нејзината пријателка, пејачката Данизла Бреголи позната и како Bhad Bhabie.

„Не знам што да кажам. Ова ми изгледа нереално. Со тебе го минував речиси секој ден. Ме научи на многу работи. Ти си ми инспирација за многу работи. Толку ќе ми недостигаш. Ми беше како постара сестра“, рече Бреголи.

Од пејачката се простија семејството и бројни нејзини пријатели и колеги. Џонсон минатата година го објави својот дебитански албум под името The Color Red. Засега деталите од несреќата не се познати.

Social profiles