Уапсени четири лица во Скопје за давање изборен поткуп – Makedonija News

Уапсени четири лица во Скопје за давање изборен поткуп

Полицијата уапси четири лица кои ги гони за давање изборен поткуп. Станува збор за скопјани, кои како што тврди МВР, биле забележани како давале пари во замена за глас за локалните избори. Во нивните домови биле направени и претреси.

„На место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121000 денари и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Вчера, имаше апсење и во Лозово, каде се давало од 50 до 100 евра за глас. Уапсен беше 50-годишен жител на Милино кој, според МВР, поткупувал за да се гласа за независен кандидат.

Social profiles