Полната Месечина утре ќе ви помогне да направите голема промена – Makedonija News

Полната Месечина утре ќе ви помогне да направите голема промена

Доколку ви е потребна промена во животот, оваа полна Месечина која ни доаѓа во среда е шансата за тоа.

Таа е во моќниот и амбициозен Овен и ни носи шанса да пронајдеме можности за кои не сме биле свесни досега. Таа бара од нас да бидеме водени од инстинктите и како и амбициозниот Овен, да се избориме за она што ни значи.

Оваа полна Месечина ќе има најголемо влијание на кардиналните знаци (Овен, Рак, Вага и Јарец) и таа може да ги шокира родените во овие знаци. За многумина носи силна енергија и можност да бидете храбри, но и да донесете важни одлуки. Таа носи амбиција и нè насочува директно кон усепхот. Освен тоа, некои од нас можеби ќе донесат нагли одлуки без да размислуваат многу за нешто.

Со оглед на тоа дека таа се случува во опозиција со воинствениот Марс, кој е и владетел на Овните, ќе биде прилично интензивна. Марс бара од нас да се бориме за тоа што ни значи, па немојте да бидете изненадени ако не сте таква личност, а наеднаш добиете таков наплив на енергија.

Освен тоа, таа е поврзана и со настаните околу младата Месечина и одлуките кои тогаш ги донесовте или некои избори кои ги направивте тогаш. За некои знаци, ќе дојде конечно до унапредување, финансиска добивка или пак награда за напорната работа.

Social profiles