Луксембург стана првата земја во Европа која легализираше одгледување на канабис во домовите на луѓето – Makedonija News

Луксембург стана првата земја во Европа која легализираше одгледување на канабис во домовите на луѓето

Владата на Луксембург ја изгласала одлуката со која на лицата постари од 18 години им дозволува одгледување до четири стебла канабис во домовите или градините. Со ова Луксембург станува првата земја во Европа која ги легализираше производството и потрошувачката на оваа дрога.

Како што било соопштено, владата оваа одлука ја донела со цел промена на пристапот на земјата кога станува збор за рекреативна употреба и одгледување на канабис. Досега Луксембург неколку пати се обиде со рестриктивни мерки да го регулира овој пазар, но без голем успех, поради што од година во година сѐ повеќе илегално се развивал овој пазар во земјата.

“Трговијата со семето исто така ќе биде дозволена без ограничување на количината или нивото на ТХЦ, главната психоактивна состојка. Семето ќе може да се купи во продавници или на интернет”, пренесува Гардијан.

Иако граѓаните ќе имаат дозвола да одгледуваат канабис, сепак забраната за консумирање на производот останува сѐ уште на сила. Исто така, забраната за трговија со канабис или производи од канабис, покрај семето, и понатаму останува на сила.

Исто така, власта наведе дека ќе ги олабави рестриктивните одредени законски мерки кои се однесуваат на транспорт на помалку од три грама канабис.

“Тоа нема повеќе да се смета за кривично дело, туку ќе се третира како прекршок за кој ќе се плаќа казна од 25 евра. За поседување повеќе од три грама канабис нема ништо да се менува законски, ќе се сметате за дилер”, рекол министерот за правда.

Social profiles