Барселона остана без тренер: Тројца кандидати се споменуваат како можни наследници на Роналд Куман – Makedonija News

Барселона остана без тренер: Тројца кандидати се споменуваат како можни наследници на Роналд Куман

Холанѓанецот на вкупно 67 натпревари остварил 40 победи, 16 порази и 11 реми.

Роналд Куман повеќе не е тренер на ФК Барселона, соопшти клубот. Претседателот Џоан Лапорта ја донел одлуката по поразот од Рајо Ваљекано кој се случи синоќа.

Куман денеска треба да се прости од своите играчи. Тој клубот на Барселона го водеше од август 2020 година, а на одиграни 67 натпревари оствари 40 победи, 16 порази и 11 реми.

Засега ФК Барселона направила листа од тројца кандидати кои би можеле да го наследат Куман на клупата.

Одамна се зборуваше дека Андреа Пирло би можел да го наследи Роналд Куман, меѓутоа тој моментално е најмалку сериозниот кандидат, додека пак значително поголеми шанси им се даваат на двајца шпански тренери.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објавил дека ФК Барселона веќе го контактирал својот легендарен играч Чави Ернандез и дека сега го сакаат на нивната „жешка“ клупа.

Втората опција е Роберто Мартинез, актуелниот селектор на Белгија кој исто така подолго време се споменува како потенцијален тренер на клубот.

ФК Барселона нема да брза и внимателно ќе бира меѓу овие тројца кандидати, а до тогаш  Серхи Бархуан ќе биде вршител на должноста.

Social profiles