Цела Европа чекала да ги слушне овие зборови на Путин: "Зголемете ја испораката на гас во Европа!" – Makedonija News

Цела Европа чекала да ги слушне овие зборови на Путин: “Зголемете ја испораката на гас во Европа!”

Претседателот на Русија, Владимир Путин ѝ наложил на компанијата “Gazprom”, откако ќе се наполнат со гас подземните складишта во Русија, да започнат со зголемување на испораката во Европа.

“Господине Милер, Ве молам откако ќе завршите со пумпање на гас во подземните складишта во Русија до 8 ноември да започнете еднаква, планирана работа за зголемување на испораката на гас во вашите подземни складишта со гас во Европа – Австрија и Германија”, рекол Путин.

Како што додал, тоа ќе овозможи сигурно, стабилно ритмично исполнување на обврските од договорот, односно европските партнери да се снабдат со гас во периодите есен-зима.

“И помеѓу останатото, тоа несомнено ќе доведе до поповолна ситуација на енергетскиот пазар на Европа во целина”, додал рускиот лидер.

Путин повторил дека “Gazprom” во целост ги реализира сите договори со европските земји.

“Ситуацијата во Европа јасно покажува колку е важна стабилната, сигурната соработка во енергетската сфера. Газпром во целост ги извршува сите долгорочни договори со европските земји”, рекол Путин.

Social profiles