Авганистанската УФЦ ѕвезда го "задуши" Израелецот кој го нарекол терорист – Makedonija News

Авганистанската УФЦ ѕвезда го “задуши” Израелецот кој го нарекол терорист

Авганистанската УФЦ ѕвезда, Џавид Башарат му се одмазди на израелскиот борец Орон Калон, кој го нарекол терорист. Во мечот одржан во Лас Вегас во вторникот навечер го совлада со гушење во 3-та рунда.

Калон оваа седмица се најде во центарот на внимание кога го исмеа Башарата нарекувајќи го терорист, бидејќи авганистанскиот борец одбил ракување со него пред борбата.

Башарат потоа рекол дека одговорот ќе го добијат во октагонот, па го исполнил ветувањето доминирајќи над својот противник во поголемиот дел од борбата, пред да го “задуши” кон крајот на третата рунда.

Поске оваа победа награден со договор со УФЦ, а уште претходно во кариерата зборувал дека неговата најголема желба да го претстави својот народ и својата држава во најдобро светло, бидејќи на вестите за Авганистан не може да се прочита убава вест.

Social profiles