Вил Фарел откри зошто одбил вртоглави 29 милиони долари да сними продолжение на хит-филмот – Makedonija News

Вил Фарел откри зошто одбил вртоглави 29 милиони долари да сними продолжение на хит-филмот

Речиси 20 години откако ја толкуваше улогата на главниот лик во хит празничната комедија „Elf“ од 2003 година, актерот Вил Фарел објаснува зошто одбил да снима продолжение на филмот.

Филмот, во кој глумеле и Џејмс Кан, Боб Њухарт, Ед Аснер и Зои Дешанел бил изненадувачки хит, при што заработил 224 милиони долари ширум светот, а имал буџет за снимање од само 33 милиони долари.

Фарел во интервју за „The Hollywood Reporter“ открил дека одбил да снима продолжение од филмот како и плата од 29 милиони долари, пренесува „Daily Mail“.

Сценариото за продолжението е напишано, но актерот одлучил да не ја прифати улогата поради тоа што сметал дека филмот не е добар.

„Би требало искрено да го промовирам филмот, а тоа тогаш би било: О, не, не е добар, но едноставно не можев да одбијам толкава сума на пари.

Помислив дали навистина можам да ги изговорам тие зборови. Мислам дека не можам, па претпоставувам дека не можам ниту да бидам во тој филм“, објаснил Фарел.

Вил уште во 2013 година во текот на гостувањето во шоуто на Енди Коен изјавил дека нема да има продолжение од филмот „Elf“.

Social profiles