Ова е еликсирот на кралицата Елизабета за долг живот: Се подготвува многу лесно, а потребни се само две состојки – Makedonija News

Ова е еликсирот на кралицата Елизабета за долг живот: Се подготвува многу лесно, а потребни се само две состојки

Кралицата Елизабета втора во април го прослави 95-от роденден, а сега е откриен коктелот кој таа наводно секојдневно го консумира.

По разните диети, нејзините менија и совети за долговечност, магазинот „People“ конечно откри кој е ‘вистинскиот таен пијалок’ кој Пол Вјбрев го подготвува за кралицата.

Од претходно е познато дека џинот ѝ е еден од најдрагите алкохолни пијалоци, а коктелот, кој наводно секојдневно го консумира, се прави со џин.

Имено, станува збор за комбинација од џин и слатко ароматизирано вино.

„За една чаша од коктелот потреби се 50мл. вино и 25мл. џин. Во шејќер за коктел се додава алкохолот и неколку коцки мраз. Потоа добро се меша, додека течностите не се соединат во целост. За крај, во чаша од мартини, во која се служи овој пијалок, се додава парче лимон, а пијалокот се служи ладен“, опишал Пол.

Social profiles