Флексибилниот смартфон на „Oppo“ свое деби ќе има идниот месец – Makedonija News

Флексибилниот смартфон на „Oppo“ свое деби ќе има идниот месец

Веќе подолго време кружат информации дека „Oppo“ го подготвува својот прв флексибилен телефон, а се сугерираше дека ќе биде претставен во одреден момент од оваа година. Новите гласини од Кина сега сугерираат дека телефонот се очекува во текот на ноември.

Флексибилниот телефон на „Oppo“, наводно, ќе има внатрешен дисплеј од 8 инчи, со освежување од 120 Hz и „LTPO“ технологија (што веројатно значи дека е создаден од „Samsung“). Телефонот треба да работи на чипсет „Qualcomm Snapdragon 888“.

Според информациите флексибилниот телефон „Oppo“ нема да биде ефтин, што не е изненадување. Останува да се види и дали ќе биде достапен на глобално ниво, со оглед на тоа што се очекува да дебитира на кинескиот пазар.

Претходните гласини го споменуваа и постоењето на главна камера од 50 MP на задната страна, со Sony IMX766 сензор, како и селфи камера од 32 MP. Сензорот за отпечатоци од прсти би се наоѓал на страната на рамката.

Social profiles