Некогаш олимписка шампионка, а денес модел по кој воздивнуваат мажите: 26-годишната Русинка плени со својата убавина и сексапил – Makedonija News

Некогаш олимписка шампионка, а денес модел по кој воздивнуваат мажите: 26-годишната Русинка плени со својата убавина и сексапил

Поради својата популарност, 26-годишната Каролина Севастјанова неодамна се најде на насловната страница на рускиот „Спорт Експрес“, кој ја претстави приказната за тоа како по спортската кариера таа успеа да остане во фокусот на јавноста.

Во 2010 година, Русинката победи на олимпиското натпреварување за млади во ритмичка гимнастика, а 2 години подоцна го освои индивидуалното злато на Европското првенство, и најблескавото одличје на финалето на Светскиот куп.

На Олимписките игри во Лондон во 2012 година, на 17 години, таа освои златен медал во повеќебој. Уште тогаш, освен со одличните резултати, вниманието го привлече и со својата убавина, па во голема анкета во која учествувале повеќе од 17.000 љубители на спортот од Русија, Украина, Белорусија, Казахстан, Молдавија и други земји од поранешниот Советски Сојуз, беше прогласена за најубава олимпијка од поранешниот СССР.

Но, по Олимписките игри, тогаш 17-годишната Севастјанова реши да го напушти спортот и да се посвети на студирањето и телевизиската кариера. Но, исто така и на – Инстаграм.

Дури и додека активно се занимавала со спорт и се натпреварувала, на убавата Русинка ѝ било понудено да стане фотомодел.

Таа денес на својот Инстаграм профил на кој ја следат повеќе од 600.000 луѓе објавува атрактивни фотографии и сите ги остава без здив со убавината, сексапилот и сензуалноста кои ги поседува.

Social profiles