(ВИДЕО) ШОК ИСПОВЕД – СЕ ЗАКОЛНАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ОСВЕТИ МАЈКА СИ: Вил Смит открил дека сакал да го УБИЕ СВОЈОТ ТАТКО! – Makedonija News

(ВИДЕО) ШОК ИСПОВЕД – СЕ ЗАКОЛНАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ОСВЕТИ МАЈКА СИ: Вил Смит открил дека сакал да го УБИЕ СВОЈОТ ТАТКО!

Вил Смит го снимил документарниот филм „Best Shape of My Life“ во кој открил страшни детали.

Смит го започна овој проект со идеја да ги документира своите напори за слабеење, но целата приказна се претвори во многу „подлабоко“ патување и преиспитување на мислите и чувствата на популарниот актер.
Тој во својата исповед открил и дека размислувал да го убие својот татко.

– Татко ми беше насилник, но доаѓаше и на секоја моја претстава, натпревари, настап. Тој беше алкохоличар кој беше трезен на секоја моја премиера. Кога имав девет години, го гледав татко ми како ја удира мајка ми со тупаница во главата, толку силно што таа падна. Таа плукаше крв. Тој момент во таа соба, веројатно повеќе од кој било друг момент, ме дефинираше како личност. Тогаш си се заколнав дека ќе ја одмаздам ​​мајка ми. И децении подоцна дојде моментот кога сакав да го направам тоа – напишал Вил Смит во својот документарец.
Во годините што следеле, таткото на Вил Смит боледувал од рак, бил исклучително слаб и морал да се движи со помош на инвалидска количка.

– Една ноќ, додека внимателно го туркав во инвалидска количка од спалната до бањата, во мене се разбуди темнина. Застанав на врвот од скалите. Лесно можев да го турнам, а уште полесно да се извлечам. Децениската болка и гнев избувнаа, но потоа се повлекоа. Постојано го туркав тато до бањата – напишал тој и го шокирал светот.
Претходно, Смит искрено зборуваше за своето ментално здравје и признал дека сакал да си го одземе животот, иако не откри во кој момент тоа се случило.

Social profiles