Вучиќ прими третата доза вакцина против КОВИД 19 – Makedonija News

Вучиќ прими третата доза вакцина против КОВИД 19

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја прими третата доза од вакцината, тој избра да ја прими вакцината „Синофарм“ како бустер доза. Вучиќ третата доза од вакцината ја примил на пунктот за вакцинација во хала 7, Белградски саем.

Претседателот на Србија по примањето на вакцината им се обрати на граѓаните и на медиумите.

Тој уште еднаш им се заблагодари на сите медицински работници кои учествуваат во оваа голема и тешка работа.

„Ова трае веќе една година, зборувам за вакцинација, никој не ги прашува тие луѓе кои го понесоа најголемиот товар.“

Претседателот се јави и побара сите граѓани да се вакцинираат.

„Трет пат не го ни осетив убодот од иглата. Само еднаш ги проверив антителата, но отидов во Брус каде ме пречекаа 6 или 7 илјади луѓе и не се заразив. А ако се заразев , сигурен сум дека ќе преживеам“.

Social profiles