
Министерот за здравство на Србија Златибор Лончар изјави дека бил потпишан договор со претставници на компанијата „Фајзер“ за дистрибуција во Србија на нивниот експериментален лек за лекување на коронавирус. Србија е трета земја во светот што склучила ваков договор со компанијата „Фајзер“, и прва што ќе го има во употреба.
Ние сме трета земја во светот што потпиша договор со „Фајзер“ и ќе бидеме првите што ќе го имаме тој лек, кој има 89 проценти успешност за избегнување болничко лекување и посериозни компликации, рече Лончар.