Холандскиот премиер Руте во среда на средба со Заев во Скопје – Makedonija News

Холандскиот премиер Руте во среда на средба со Заев во Скопје

Холандскиот премиер, Марк Руте во среда, ден пред гласањето доверба на Владата,  доаѓа во Македонија. Ова е прва посета на премиер на Холандија на земјава во историјата на дипломатските односи меѓу Хаг и Скопје. Според информациите на „360 степени“, токму поради турбуленциите на политичката сцена, агендата на холандскиот премиер се прецизира во последен момент.

Во однос на прашањето за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, Холандија се смета за држава која се залага за „строг, но фер пристап“, инсистирајќи пред се на владеење на правото и борба против криминалот и корупцијата.Последната изјава на Руте за земјава беше дадена на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо, Словенија, кога се заложи за што побрзо отворање на пристапниот процес.

„Ќе треба да почекаме на изборите во Бугарија. Не сум среќен со фактот што пристапните преговори со Северна Македонија сè уште се блокирани. Сметам дека тие треба да се деблокираат што е можно побрзо. Знаме и се надеваме дека тоа веројатно ќе се случи по изборите во Бугарија и ќе се обидеме да направиме сè што можеме за тоа да се случи“,изјави Руте во Брдо минатиот месец.

Social profiles