Лапис лазули – мистичниот камен на мудроста и небесата – Makedonija News

Лапис лазули – мистичниот камен на мудроста и небесата

Прекрасниот камен со боја на ултрамарин е симбол на мудроста од античките времиња, онаа мудрост која нè потсетува дека материјалните нешта во животот се минливи и ни помага да го сфатиме подобро човековото постоење.

Бојата на каменот го претставува почетокот на животот и будењето на емоциите. Во современите духовни толкувања, лапис лазули поради својата сина боја е камен на вербата. Најефективно дејствува кога сончевата енергија е заробена во зимските окови, па животот наоѓа начини да протече меѓу пукнатините (кон крајот на февруари и почетокот на март). Тоа е време кога ни е потребна верба во енергијата на природата дека ќе придонесе сè за повторно регенерирање на животот.

Лапис лазули отсекогаш бил камен на кралевите и симбол на благородниците. Сините нијанси се и симбол на доблеста, честа и хуманоста. Каменот ни помага да бидеме љубезни кон другите, да се грижиме за луѓето што нè опкружуваат. Не е за чудење фактот дека во традиционалните култури на античкиот свет и на Блискиот Исток, овој камен се користел како амајлија што ја носеле бремените жени. Се верувало дека амајлијата им помагала на жените полесно да го издржат породувањето.

Лапис лазули е и еден од најценетите камења во историјата на човештвото. Во античко време се нарекувал сафир, а неговото најстаро наоѓалиште лежи на планините во Североисточен Авганистан. Египетските фараони организирале големи трговски и воени експедиции во овој недостапен регион во потрагата по овој небесен камен. Длабоко сината боја останала симбол на боговите и моќта, духот и визијата.

Нека не ве чуди тоа што овој камен се носи околу грлото, на местото на третата чакра која помага да се изразат сопствените ставови, при што конфликтот се заменува со рамнотежа. Овој камен нè поврзува и со изворот на креативноста. Ја ослободува обновувачката сила на духот и ги разбива негативните мисли. Нè тера да ја бараме вистината, да се соочиме со неа, а со тоа и да ги прифатиме грешките и лекциите од минатото. Ја зајакнува способноста на умот, ја издигнува свеста на повисоко ниво и внесува јасност и објективност во нашите мисли. Се верува дека лапис лазули е симбол на верната љубов. Чакрата на грлото позната како трето око овозможува правилен и непречен проток на енергијата, насочувајќи ја кон шестата чакра, сместена во пределот на репродуктивните органи.

Лапис на латински значи камен, а лазули доаѓа од арапски и значи небо, небеса. Лапис лазули е син, небесен камен што во човечката свест е засекогаш поврзан со божественото сино небо посипано со ѕвезди, една од безбројните тајни на универзумот што човекот и до ден денес не може да ја одгатне.

Social profiles