
Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две поголеми банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форезничари од внатре и надвор.
„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади.
Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство.
Заклучија дека нападот е од надвор, и истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави.