Србија ќе биде првата европска земја што ќе ја користи „Спутник Лајт“ – Makedonija News

Србија ќе биде првата европска земја што ќе ја користи „Спутник Лајт“

Србија е во процес на регистрација на вакцината Sputnik Light и наскоро ќе стане првата земја во Европа што ќе ја користи, соопшти Ненад Поповиќ, министерот за иновации и технологија во српската влада, по средбата со Денис Мантуров, шеф на руското Министерство за индустрија и трговија, во Дубаи.

„Поповиќ и Мантуров потврдија дека Србија ја започна процедурата за регистрација на вакцината „Спутник лајт“, што ќе ја направи Србија првата земја во Европа што ќе ја користи оваа високоефикасна бустер вакцина“, соопштија руските власти.

Министрите разговарале и за голем број билатерални инфраструктурни и енергетски проекти кои ќе бидат одобрени на највисоко ниво за време на претстојната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва на 25 ноември.

Поповиќ им се заблагодарил на Русија и Путин за можноста за производство на вакцината Спутник V во Србија.

На 4-ти јуни оваа година, Путин и Вучиќ одобрија производство на руската вакцина „Спутник V“ во Србија во Институтот за вирусологија и вакцини „Торлак“ во Белград.

Social profiles