ОГРАБИЛ БАНКА И ИСЧЕЗНАЛ СО 2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Умрел како слободен човек, а полицијата по половина век го открила неговиот идентитет! – Makedonija News

ОГРАБИЛ БАНКА И ИСЧЕЗНАЛ СО 2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Умрел како слободен човек, а полицијата по половина век го открила неговиот идентитет!

По половина век е решена мистеријата за еден од најголемите грабежи на банки во САД
Бегалецот кој стои зад еден од најозлогласените американски грабежи на банки, конечно е идентификуван по 52-годишна потрага, соопштила полицијата.

Тед Конрад работел како касиер во Society National Bank во Кливленд. Во јули 1969 година, тој одлучил да ги ограби своите работодавци.

Исчезнал со 215.000 долари, што би одговарало на денешна вредност од околу 1,7 милиони долари.

По него била започната потрага која траела повеќе од половина век, а во тој период за неговиот „потфат“ често се зборувало во ТВ емисии кои се емитувале под наслов „Најбараните и нерешените мистерии на Америка“.

Американските иследници велат дека по грабежот тој продолжил да живее скромен и мирен живот, а Њујорк Тајмс пишува дека последните 40 години работел во застапништво за стари автомобили и како инструктор за голф.

Набргу по грабежот и по неговото исчезнување, Конрад го сменил името во Томас Ранделе и побегнал во Вашингтон, а потоа во Лос Анџелес. Потоа се населил во предградие на Бостон, на околу 1.000 милји од местото на злосторството.

Конрад наводно им кажал на пријателите за неговите планови да ја ограби банката и се пофалил, велејќи дека тоа ќе му биде лесно да го направи.

Тој наводно бил опседнат со филмот од 1968 година „Аферата Томас Краун“ во кој глуми Стив Меквин, кој пред грабежот го гледал повеќе од десет пати.

Случајот со децении се водел како заборавен, нерасчистен.

Конрад починал во мај од рак на белите дробови, а набргу потоа, иследниците предупредиле на некролог во весникот по име Томас Ранделе.

Постепено, тие успеале да го поврзат некрологот со документи од 1960-тите што Ранделе ги пополнил во тоа време.

Иронично, меѓу откриените докази се пронајдени и документи за банкрот на Ранделе од судот во Бостон од 2014 година.

Social profiles