Денеска нови рестриктивни мерки за невакцинираните – Makedonija News

Денеска нови рестриктивни мерки за невакцинираните

Комисијата за заразни болести денеска ќе има состанок на кој се очекува да бидат предложени нови рестрикции за невакцинираните граѓани затоа што тие најмногу ги оптоваруваат болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека конкретни предлози од состанокот ќе бидат доставени до Владата.

– Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравствениот систем, изјави Филипче во ТВ-гостување, додавајќи дека во изминатите денови со Комисијата разговарале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои држави во Европа.

Social profiles